Sunday , July 21 2019
Home / Македонија / СРЕДЕ БИТОЛА, КУЌА ДА ИМАМ : Кирац, како се гради трокатница во време на Груевски ?

СРЕДЕ БИТОЛА, КУЌА ДА ИМАМ : Кирац, како се гради трокатница во време на Груевски ?

Ова е куќа на семејството на Александар Кирацовски- пратеник, а сега веќе екс генерален секретар на СДСМ. Куќата е во строг центар на Битола.
Како што самиот вечерва информирал, таа е изградена во периодот од 2013 до 2015, кога не бил носител на ниедна функција.


Ќе тужел куп медиуми, бидејќи погрешно ја информирале јавноста дека куќата била изградена откога СДСМ е на власт. Ги згрешиле луѓето годините, де. 
Линк до постот на Кирацовски :
https://www.facebook.com/168937753304984/posts/1155934041272012/

Туку, мене ме интересира друго – како ова момче, родено 1983, за кое не најдов ниеден податок во неговата биографија дека воопшто некаде бил вработен пред да стане пратеник во 2016, дека ете – има ден стаж, заработувал воопшто, изградило ваква куќа во мандатот на Никола Груевски.

Кирац, како тоа фамилијарно сте изградиле оволка’а куќа, среде Битола, во време на режим ? Нели гладуваше, ова она ?
Не, сериозно те прашувам, остај ти овие ,,неодговорни” медиуми, како што си ги нарекуваш и за кои си добил ,,демократска” желба да ги тужиш, а што се истрчале со погрешни години. 

Ти, дечко, што си работел во животов пред да станеш пратеник ? Што приходи си имал и од каде ти се имено за да се стекнеш со ваква куќа во време на Груевски ? 

error: Content is protected !!