Sunday , July 21 2019
Home / Македонија / Геро : На Коки и компанија црно им се пишува – се бараат докази за рекетот!

Геро : На Коки и компанија црно им се пишува – се бараат докази за рекетот!

Новинарот Бранко Героски во четвртото продолжение од серијалот текстови за рекетарско-медиумската мафија во која се инволвирани и политичари и други јавни личности, открива нови детали и бара од Владата и премиерот Зоран Заев посериозен пристап и дејствување.

-Јавен обвинител веќе сериозно работи на расветлување на рекетот за кој бруи цела Македонија. Прашање на ден е кога некоја од жртвите ќе проговори. Каде што треба, нормално. Патем речено, ако мислевте дека рекетарската група ќе запре поради моите написи, сте се излажале – , посочува Героски.

Продолжува со тврдење дека ,,газда Коки” за едно ноќевање во хотел, периодов, спискува 3.500 евра, а целиот платен фонд во медиумот му е 12.000 евра.
-Дали е тоа нормално? Да сум јас некој инспектор во УЈП, би се заинтересирал за оваа алхемија. А Заев треба да се заинтересира што правеле неговите ведети на една легендарна журка во „Хеви кафе“ и што натерало две познати дами да го лапнат микрофонот и да запеат.-

Приложува нови детали и посочува на инволвираност и на политичари од владеачката партија.
-Веќе ви раскажував, дечкото е опасен трошаџија, а и редно е да се подготви за битките што следат. Бидејќи на него, на најмалку двајца членови од врвот на СДСМ (сега не се токму на врвот) и на сите од таа групировка, црно им се пишува.-

Неофицијално, Героски, дознал и дека тие деновиве рекетирале уште една, овој пат скопска фирма. Не му се познати детаљи и не знае дали успеале.
Човек од државниот врв исто така будно ја следи ситуацијата и очекува докази, за да пристапи кон расчистување на случајот.

Го повика и УЈП да влезе во фирмата и да утврди прилив на пари, приходи, годишен профит и на кој начин се платени новинарите во медиумот.
– Истражувајќи го пазарот на медиумите деновиве (ете, имам малку повеќе време, па редно е да се подготвам за некои идни можни проекти), дојдов до информации од Централниот регистар на Република Северна Македонија, за завршните сметки на повеќе наши медиуми, вклучувајќи го и медиумот во кој до неодамна бев главен и одговорен уредник. Многу интересни се податоците за медиумот на нашиот „влијателен“ Коки, кој има силна и дури и персонална поддршка од луѓе од владејачката партија.
Имено, иако Коки се фали дека неговиот медиум е водечки, факт е дека во 2018 година тој остварил вкупни приходи од само 39,2 милиони денари (десет пати помалку од телевизијата Сител, на пример), а остварениот профит е само 1,8 милиони денари.
Каде ти се парите на сметка, газда Коки ?- , прашува Героски.

Повеќе на следниот линк : ,,На Коки, Кики, Фрики и компанија црно им се пишува – се бараат докази за рекетот!”

error: Content is protected !!