Скопска хроника

,,Партизанска”: Градот да се фати за четка, возиме како во Тунгузија


И по една недела од асфалтирањето, булевар Партизански одреди, на потегот од булеварот 8 Септември до мостот ,,Обединети нации” – не е обележан со хоризонтална сигнализација. Станува збор за необележана улица во должина од два километри. Оставено е на возачите да се снаоѓаат како знаат и умеат. А, и на пешаците, бидејќи нема ни пешачки премини.

-Возиме по замислени линии како да сме во Тунгузија. Претпоставуваме каде почнува лево, а каде завршува десно, и внимаваме да не се изгребеме од возилата кои возат паралелно со нас на ,,Партизанска – , се жали граѓанка од општината Карпош.

Станува збор за најдолгата сообраќајница во Скопје, по која секојдневно фреквентираат илјадници возила, во двата правци.
Граѓаните се жалат дека ваквата несовесност на градските власти исклучително ја загрозува безбедноста во сообраќајот. Апелираат до градоначалникот Петре Шилегов, пред да изигрува сообраќаец, да ги обележи улиците по сите прописи.

-Ја реконструираа и наместо веднаш да се фатат за четка, ја оставија на милост и немилост. Постарите возачи некако се снаоѓаат, но има и помлади кои не знаат да возат дури ни на обележана улица – , коментираат загрижени возачи.

Надлежноста за обележување на хоризонтална сигнализација на улиците во градот е на јавното претпријатие ,,Улици и патишта”, кое е под капата на Град Скопје.


Tags

Поврзани содржини

error: Content is protected !!
Close