Скопска хроника

(ФОТО+ВИДЕО) Шилегов одмора во луксузната вила во Маврово

 


Скопскиот градоначалник, Петре Шилегов, денеска, неработниот ден го искористил да изврши увид во градежните работи на својата луксузна викендичка во Маврово. (Фото 1, првиот објект)

Според неговиот анкетен лист, тој, објектот го поседува од лани, кога го купил за 55.000 евра, како карабина.
Соседите велат дека претходен сопственик на вилата бил екс функционер, кој, беше на чело на УЈП. Сосетка, додаваат, му е сопруга на еден наш екс претседател.
Што би се рекло – елитно мавровско маало. Може да си вртат скара и да си прават лабаво муабет за политика, додека рајата  чека Шилегов да ги оствари предизборните ветувања. А, не му остана многу од мандатот.

Од видеото и фотографиите, кои, ни ги испратија луѓе кои деновиве се одмораат во Маврово, може да се види дека објектот е речиси готов однадвор. Нешто ситно се работи околу камената ограда, но дека е вселена, удобна и функционална, сведочи жената на балконот, која за момент се појавува, а личи на неговата сопруга.

Злобниците може да му позавидат на нашиот прекрасен и вреден градоначалник колку убав и удобен живот води, додека метрополата му тоне во ѓубре, се гуши во сообраќен метеж и во загаден воздух.

Пред еден час, на пешачки премин на Бит пазар, повторно беше прегазен човек, информираа очевидци на немилиот настан, кои, се затекнаа таму. Во изминатите 10 дена, беа прегазени од возила на скопските улици, најмалку петмина граѓани.

Но, ете, Шилегов ќе го нема тој наш колективен проблем, кога зиме загадувањето ќе урива рекорди со зголемени концентрации на ПМ честички во Скопје. Тој има луксузна вила и чист воздух за бегство.  

Ашколсун, Петре ! 


🚫 Сите права се задржани. Секое копирање и кражба на содржините за комерцијални потреби, без дозвола од авторот, ќе бидат санкционирани правно. Дозволено е преземање на содржините на социјални мрежи, за граѓански дискусии и некомерцијални потреби. 

Tags

Поврзани содржини

error: Content is protected !!
Close