Македонија

(ВИДЕО) КОД ОТКРИВА: Катица се сликала во хип-хоп поза со 50.000 евра кеш

Невработен, носи ,,Прада”, го мери времето со ,,Ролекс”, а на ѕидот колекција скапи уметнички слики од врвни македонски уметници.
Тимот на КОД, во последната емисија, го открива профилот на осомничениот Бојан Јовановски со прекар Боки 13, добиен во истрагата за ,,Рекет”.
Од свои извори, дознаваат и за фотографија од мобилниот телефон на Боки 13 на која се гледа специјалната обвинителка, Катица Јанева, фатена во хип-хоп поза со куп кеш.
КОД открива и каде истрагата ги гледа парите од чантата ,,Луј Витон”, полна до врв.

Во истата емисија, детали и за осомничениот за убиството на младиот фудбалер, Мартин Јанушев, кој по две години ,,прошетка”, сам се пријави на полицијата. Има ли други осомничени за убиството и дали парите за дрога се главен мотив?, се дел од прашањата кои КОД ги истражува.

Во КОД и продолжение за охридската УНЕСКО драма.

Tags

Поврзани содржини

error: Content is protected !!
Close