Македонија

ЗАЕВ, ИНТЕРВЈУ ЗА ТВ 24: Политичари кои се неодговорни даваат оставки

Политичари кои се неодговорни даваат оставки, изјави вечерва премиерот Зоран Заев во интервју за ТВ24.
– Не сакам да бидам диктатор, се откажав од мандатот и тоа е чесно, достоинствено и доблестно. Начинот на мојата одговорност е тоа, предизвикав избори  – .
Неговите очекувања се дека на следните избори, граѓаните, сепак ќе го изберат ,,правиот пат”  т.е патот кон ЕУ и НАТО.

На прашањето од новинарот Младен Чадиковски, дали се чувствува изневерен од ЕУ, тој рече : ,,Го добивме НАТО”, дополнувајќи дека денеска и Сенатот на САД го ратификувал протоколот за Алијансата.

Премиерот потенцираше дека без разлика на неуспешниот датум, Македонија и Владата, ќе продолжат да работат на трансформација на земјата, дома, независно од одлуките на ЕУ за отворање на поглавја.

– САД, ЕУ, Вашингтон се нашите партнери. Немаме други алтернативи – , рече Заев.

Околу бараните средби со претседателот на Франција, Емануел Макрон, во изминатите четири месеци, кои, биле неуспешни, Заев не лоцираше одговорност во своите советници и домашната дипломатија.
На прашањето зошто билдале оптимизам кај граѓаните, покрај ваквите одбивања за средби и негативни сигнали со кои се зголемува разочарувањето, Заев, рече : ,,Моравме да бидеме оптимисти”.

Тој не смета дека сме на исто ниво со Албанија. Рече дека имаме функционален Парламент, демократија и подобар перформанс.
-Работевме сите, советници и дипломатијата. Ние го сработивме нашето – , заклучи тој.

На крај најави брзи и плодни средби со Макрон, на кои ќе го убедува дека Македонија заслужува да биде дел од европското друштво. Нагласи и дека очекува унапредување на соработката со Франција и инвестиции.

Tags

Поврзани содржини

error: Content is protected !!
Close