Сечено-лепено

Пензионер чека женска и ја блокира улица Козле

Скопје, денеска. Улица Козле.

Си застана човеков со возилото на пешачки премин и почна преку прозорец да довикува некого. Додека стоеше, возачи зад него свиреа во знак на револт, но тој беше окупиран со личноста која ја довикуваше и со која оддалеку почна дури и муабет.

За тоа време, возилата го заобиколуваа, а пешаци мораа да внимаваат некој да не ги прегази.

По некое време, возрасна жена дојде до неговото возило, го продолжија муабетот, по што таа влезе внатре, а тој конечно се смилува да се тргне од пешачкиот премин и да не прави застој во сообраќајот.

Tags

Поврзани содржини

error: Content is protected !!
Close