Дневна доза отровче

Да се посмееме – ТодороФ побарал ВМРО да ја исклучи Иванка Василевска

И кога мисли човек дека денот ќе помине мирно и ќе можеме да лижеме шеќерна волна на раат во парк, еве ти го Никола Тодоров, екс министер за здравство, со турбо фолк јавно барање до Христијан Мицкоски.

Типов Тодоров, кој е исклучен од ВМРО-ДПМНЕ и за време на протестите против него имаше неформален прекар – ,,министер за смрт”, побарал ВМРО-ДПМНЕ да ја исклучи од партија Иванка Василевска заради искажани ставови!? Ставови кои се критични и несфатливи за пошироката јавност, но сепак се ставови за кои не сум чула досега дека се разрешува од партија.

Ајмееее… Браво, бе, дечко, многу си бил ти јак. Богами.
Ние чекаме истраги за тебе, а ти во 2019. јавно кажуваш кој и каде да биде разрешен.

Ваквите желби, Тодоров, ги искажал преку ,,Дојче Веле” и Ката Блажевска, која ги ,,дружи” ем него, ем оној Петар Богојески, викани меѓусебе ,,реформатори”. А, немаш текст дента што да пишеш, јави им се на двајцава, таков е впечатокот.

Да нема забуни. Станува збор за истиот Тодоров кој не даде оставка за еден куп умрени родилки, бебиња, за малата Тамара, за аферата ,,Визарис” со Ивона Талевска, за кого имаше интерпелации, барања за оставки, а во ниеден момент не почувствува никаква морална одговорност да напушти функција.
Е, тој дечко, бара разрешувања.
Пресмешки.

Tags

Поврзани содржини

error: Content is protected !!
Close