Џирло политика

СДСМ ПРОТИВ СДСМ: Загадувањето ќе биде поголемо од ланската зима

Пеце Мирчевски, актуелен директор на Службата за општи и заеднички работи при Владата, ја прашува Владата што прави околу загадувањето поради кое умираат над илјада луѓе на годишно ниво:

1. Зошто дозволија увоз на возила стари  10 – 15 години, со ЕУРО стандарди што емитуваат штетни материи десет пати повисоки од  оние што се застапени кај новите возила? Велат дека донеле закон што го забранува увозот на ЕУРО 3 возилата, а не кажуваат дека тие возила се најмалку 18 години стари, со поголема потрошувачка на гориво во однос на новите возила, немаат рециклирачки материјали во својот состав. Овие возила отвораат и нов проблем – управување со овој отпад, што не е едноставно за решавање и нема да помине без лоши влијанија врз животната средина и здравјето на луѓето.

2. Зошто секој парк или слободно зеленило во градското подрачје, посебно во Скопје, го претворија во катна гаража? Тие стари возила што ги испуштаат штетните честички ќе се паркираат во најгусто населениот дел од Скопје, каде веќе нема природна циркулација на воздухот.

3. Што направи Владата да ги поддржи компаниите да можат да ги постават еколошките стандарди? Дали им понуди поволни кредити? Дали обезбеди учество на фирмите во ЕУ фондовите – посебно во оние што се однесуваат на еко иновативноста во производниот процес ?

4. Власта можеше да обезбеди промотивна набавка на велосипеди.

5. Град Скопје затекнат од големиот проблем со загадувањето, најавува средство за ,,фаќање на цврстите честички“со одредена хемикалија и намалување на загадувањето.

Ние зборуваме за ПРЕВЕНЦИЈА!

Не за обиди за санирање на состојбите кога ќе дојдат до ниво на ескалација.

Линк до целата прес-конференција на СДСМ од 18.10.2014 година:

http://arhiva.sdsm.org.mk/default.aspx?mId=55&agId=5&articleId=11158

Tags

Поврзани содржини

error: Content is protected !!
Close