Дневна доза отровче

Бранимире, душо, те чекаат во Бијафра да ги спасиш сиромашните

Чејте….читам ова чудесииве.

Ова не е истиот Бранимир кој со Тевдовски кренаа акциза на нафта, даноци на кирии, на добивка од спортска прогноза од 10 на 15 отсто, истиот кој со другар му отпишаа 50 милиони евра од Буџет на општините во Македонија и градоначалниците кои купуваа/т бесни возила???

Тој е, да. Е, овој зел да зборува за сиромаштии, левичарење и социјалдемократии, откако крена акциза на нафта, па сите цени во малопродажба земаа да урлаат, а на социјално ранливите им покачи и цена на леб.

Е, овој дечко смета дека 90.000 денари биле безобразни (во земја каде зиме се плаќа и по 15.000 денари за греење, а месечни трошоци само за храна стасуваат и до 30.000 денари) и заслужуваат висок праг за прогресивно оданочување на поединци, тие за него биле милионери и се буни што новата министерка мерката ја одложила.

Бранимире, да ми одиш, душо, во Бијафра и Етиопија и таму да им кренеш акциза на нафта. Како докажан ,,експерт” за сиромаштии и други ,,ханскристијановски” тракатанци.
Те чекаат тебе и Тевдо со раширени раце да им кажете како се полни Буџет од повисоки даноци и како се крева цена на леб за пет месеци од доаѓање на власт.

Tags

Поврзани содржини

error: Content is protected !!
Close