Џирло политика

Пардон, СДСМ, ова вашево маче Филип е градоначалник или психијатар?

По повод урбанистичкиот план за ,,Расадник”, каде е предвидено да се изградат 100 нови згради и да се доселат нови 20.000 жители, градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, изјавил:

,,Познавајќи ги проблемите на општината, а и лошите меѓучовечки односи, сигурен сум дека некои згради никогаш нема да се изградат. Некои од нив влегуваат во 2-3 парцели, а секоја парцела има по 20 сопственици. Шеесет луѓе тешко дека ќе се договорат“.

Тој однапред знае што ќе се случи, во смисла ние глупави, па не знаеме дека кога еднаш ќе нацрташ зграда, таа засекогаш ќе остане таму и еден ден ќе мора да се изгради.

Тој не си ја препрочитува програмата од кампања со ветувања, каде има се`, само не 100 нови згради, туку ко некоја стрина ни раскажува – кој со кого бил искаран. Следел изгледа ревносно човекот трачеви, чаршиски муабети, па знаел ,,чија мајка, црну вуну преде”.
Можеби и им ги решава, не знаеме, очекуваме второ продолжение во кое ќе не` информира како си го губи времето, слушајќи  муабети по населби, место да гради градинки, училишта, поликлиники, паркиралишта, канализации.

Пардон, СДСМ, ова вашево маче Филип е градоначалник кој вети планско градење или психијатар, а по потреба и главен извор за забава со општински трачеви?

Tags

Поврзани содржини

error: Content is protected !!
Close