Скопска хроника

[ВИДЕО] Лидија Кочовска и децата од ДКЦ пеат ,,На Скопје со љубов”

Во чест на празникот 13. Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, Детскиот културен центар ,,Карпош”, ја промовираше песната и видео спотот посветени на Скопје.

Песната „На Скопје со љубов” ја исполнуваат Лидија Кочовска и Детскиот градски хор „Гласот на децата на Скопје”. Музиката и аранжманот се на Борислав Боби Јоргушески, а текстот на Викторија Маџаревска.

Традиционално и оваа година, ДКЦ „Карпош”, во чест на Скопје, ја организираше и манифестацијата „Го градам мојот град 2019″, посветена на децата од предучилишните установи.

Оваа манифестација има за цел да ги истакне детските творечки способности, нивната креативност и да ги запознае децата колку големо значење има празникот 13. Ноември за Град Скопје.

Манифестацијата „Го градам мојот град 2019″ се одржи денеска, од 10 до 11 часот во просториите на ДКЦ „Карпош”. Секоја градинка ја претставуваа екипи од по пет деца, а објектот кој го осмислија беше по нивен избор, како и градежниот материјал – коцки, цртежи, природни материјали, како лисја, дрвца, камчиња, се` што нуди природата.  За градинките, учесници на оваа манифестација, беа доделени симболични подароци во знак на благодарност и соработка.

Tags

Поврзани содржини

error: Content is protected !!
Close