Култура/Сцена

Изложба на фотографии од БиХ: „Помеѓу две империи“ пристигна во Музејот на Скопје

Во Музејот на град Скопје, утре, на 14 ноември во 19 часот ќе биде отворена гостувачката изложба ,,Помеѓу две империи, Босна и Херцеговина во фотографиите на Франтишек Топич 1885 – 1919 година” подготвена од Земаљскиот музеј на Босна и Херцеговина во Сараево.

Изложбата содржи 96 репродукции на фотографии кои се дел од богатиот корпус на негативи од крајот на XIX и почетокот на XX век со кои располага Земаљскиот Музеј на БиХ, а се потпишани од еден од најистакнатите пионери на фотографијата во Босна и Херцеговина – чехот Франтишек Топич.

Tags

Поврзани содржини

error: Content is protected !!
Close