Македонија

Шилегов за 13.Ноември: Насилниците и вандалите може да се победат само со љубов

Во рамки на ,,слободарската недела", возобновена е бистата на партизанот Дане Крапчев во Дебар маало.

Во рамки на неделното празнување на ослободувањето на Скопје, градската власт, покрај традиционалните активности за денешниот 13.Ноември, ја возобнови и бистата на Дане Крапчев, политичкиот комесар на Првиот скопски партизански одред. Бистата на Крапчев е на територија на истоимената урбана заедница во Дебар маало, односно на булевар Илинден. Уреден е и околниот простор со цвеќе и зеленило.

Градоначалникот Петре Шилегов рече дека со овој чин е исправена уште една неправда кон луѓето на кои им ја должиме слободата.
Во говорот акцент стави на вистинските вредности, велејќи дека ,,за едно убаво Скопје, мораме да бидеме сите заедно”. Додаде дека само со љубов кон градот, може да се победат вандалите, хулиганите, насилниците.

– Спомениците на учесниците во НОБ кои се поставени во нашето Скопје заслужуваат посебно внимание и затоа Град Скопје ќе продолжи да се грижи тие редовно да се одржуваат заедно со просторот околу нив. За мене лично, а верувам и за најголемиот дел од граѓаните на Скопје, овие спомен-обележја имаат многу поголемо значење од спомениците кои ги поставија и одржуваа нашите претходници, заборавајќи на значењето на периодот на НОБ и ослободувањето на Скопје од фашистичкиот окупатор. Мораме да продолжиме да се грижиме за споменот на луѓето кои ги положија своите животи за нашата слобода – потенцираше Шилегов.

ТРАДИЦИОНАЛНА СРЕДБА СО БОРЦИТЕ ОД НОАВМ

По повод 13.Ноември, денот на ослободувањето на Скопје од фашистичкиот окупатор, градоначалникот Петре Шилегов и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, денеска се сретнаа со претставници на Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија.

На средбата, Шилегов им се заблагодари на борците за несебичната и пожртвувана борба за слободата по која копнееле генерации скопјани, им посака добро здравје и понатамошна успешна соработка. Градоначалникот нагласи дека покажувајќи почит и внимание за ликот и делото на луѓето кои несебично ги положиле своите животи за нашата слобода, покажуваме колку го сакаме сопствениот град и сопствената земја.

Tags

Поврзани содржини

error: Content is protected !!
Close