Дневна доза отровче

🎶🎼Дај ми знак и свое име би сменил🎶🎼

Повторно спонтано ни се дружел градоначалникот Митко Јанчев од ВМРО-ДПМНЕ со видни сдсмовци. Така, случајно. Претходно го дружеше Оливер Спасовски на трибина на СДСМ. Кој што прави, човеков, е опкружен со ,,комуњари”. А, на избори бара гласови од вмровци.
Мите, маци, чудничко малку.

Па, волку  слики со сдсмовци јас немам во животов мој, а сум била своевремено и дел од СДММ, цели 4 години, додека Митко лепотанов, бил уште во средно училиште.

Туку, овојпат, кавадаречкиот градоначалник, пиел младо вино со Љупчо Николовски, шефот на изборен штаб на СДСМ и Генерален секретар на партијата, како и со заменик-министерот за економија, Кирил Колемишевски, адвокат, а своевремено и член на групата ,,Нокаут”. Повод за дружбата била ,,Тиквеш фестивал на младо вино”.
Туку една песна на ,,Нокаут” одеше некако вака:
🎼🎶🎵,,Дај ми знак и свое име би сменил,
и би се викал Те сакам,
за барем еднаш да те видам,
само да те слушнам
како ме довикуваш ти..”🎼🎶🎵🎼

Tags

Поврзани содржини

error: Content is protected !!
Close