
Во Штип, вечерва, студентите од Универзитетот „Гоце Делчев“, одржаа протест против воведувањето на двојазичност на целата територија на Македонија. На протестот им се придружија голем број граѓани, кои, ги делат нивните ставови дека законот за двојазичност не смее да стапи на сила.
Студентите му порачаа на претседателот Ѓорге Иванов да не го потпишува законот, a децидно се изјаснија и против менувањето на името на државата Македонија, како услов за влез во НАТО и ЕУ.
Протестот не беше финансиран од политичка партија, туку од македонските иселеници во светот, појаснија организаторите.
