
Пишува: //Јорданка Ивановска-Јоци
Колкав е ,,корнишонот” на премиерот и каде ,,нишанел со коорот”, во моментов е најмал проблем на директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски. Поголем проблем е што ова 29-годишно момче, се потпишало како уредник и финансиралo збирка нацистичка ,,поезија” со пари од даночни обврзници, а притоа, тој, тоа, не го ни разбира. Момчето не разбира која е неговата улога во овој невиден срам, неговата одговорност, сам призна дека не знае на што се потпишува, а троши пари од Буџет, не знае дека на тоа место е поставен за да едуцира млади луѓе, а не да ги храни со нацизам.

,,Поезија” преполна со секаков вид дискриминација, шовинизам, мизогинија, сексуална супериорност на мажи врз жени. Одвратна ! Збирката е толку вулгарна, националистички фокусирана, гнасна кон женскиот род, но и опасна по здравјето за младите луѓе во чии раце стасала (бидејќи е испечатена во 5.000 примероци), да, оставка од младото момче, Каевски, некогашен потпретседател на СДММ, е најмалото нешто кое може да го направи, а притоа на чело секако ќе му пишува-,,овој директор е неупотреблив”.

Каевски, вели дека не знаел што е објавено. И јас му верувам. Тој дури не сфаќа ни што изјавува, не знае ни да ги измери зборовите, без самиот да се отстрела. Дечкото, кој е дел и од владини седници, едноставно, не ни имал време да дознае што работи и што потпишува, од толку многу ,,селфија” вон и во работно време, како да е Ким Кардашијан, а не директор на државна институција.

Сепак, доброто нешто во целата оваа работа е што јавноста, и сликовито се увери дека СДСМ е целосно дезориентирана партија без посветени, професионални и одговорни кадри. СДСМ, делува како да наоѓа кадри на тротоар, по случаен избор, додека чекаат автобус и без биографија и резултати, едноставно, ги поставува на важни места. Колку да се пополни местото, а притоа тој ,,некој” да не е вмровец. Тука нема никаква идеолошка матрица, само голо позиционирање по секоја цена.
Да беше поинаку, немаше да им се случуваат хаварии секој втор ден, а нема ни една година од доаѓањето на власт.
Македонија не заслужува голобради момчиња на важни позиции, кои, не знаат како да ги трошат нашите пари и кои ги арчат без усул. Едноставно, доста беше.
© Сите права се задржани. Забрането е копирање на содржини за комерцијални цели, преземање на текстови или делови од нив, без дозвола од авторот. Не е дозволено ниту преземање на содржините со хиперлинк до информацијата на веб страницата, без дозвола од авторот. Преземање на содржини на социјални мрежи, за некомерцијална употреба, е дозволено со хиперлинк.
