
Пишува:// Јорданка Ивановска-Јоци
СДСМ влегува во фаза на параноја. Многу рано. ВМРО-ДПМНЕ во оваа фаза влезе по девет години владеење кога почнаа да се бават со ,,жолти комбиња” и ,,странски служби.
По последниот скандал со ,,премиерскиот корнишон”, а претходно со турбуленците кои ги предизвикаа кај јавноста со законот за јазици, станува јасно дека владеачката партија ќе почне во секого да гледа непријател, кој, нема да им аплаудира на нивните хистерични и глупави прес-конференции на кои ги ,,вадат” од кал своите директори-миленици, кои, излезе им се ,,најјаки” кадри. И втори пресови на кои не знаат да се ,,носат” со своите тендер-коалициски одлуки, договорени под маса.

СДСМ, по неполна година власт, почна да зборува за ,,подметнување” песнички во книгички, заговори против нив, за мистерии по кабинетите, фали уште да почнат да сервираат прикаски за духови кои ја празнат касата после полноќ.
Ете, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, информираше дека НЕКОЈ го ставил уредник на наци-шовинистичката збирка, тој ништо не знаел. Дошле луѓето од Комисија, сами се избрале, влегле во сеф и си зеле пари, а и од печатница исто направиле. Тие, додуша низ прозорец влегле во Агенцијата.
Каевски, да биде најсмешно на свет, ќе спроведувал истраги, ќе поднесувал пријави…А, за што ? Затоа што не знае што потпишува.
Туку, во оваа фаза од неговото расчистување со севселенскиот заговор против него и СДСМ, се прашувам дали дечкото се појавува воопшто на работа !?!
Дека нема да биде сменет од Зоран Заев, знаеме. СДСМ е во фаза на параноја кога нема да смени никого, макар и метеор паднал среде ,,Бихаќка” од нивната неодговорност, затоа што сите се против нив, а тие се ,,д бест”. Веќе видено.
И во целава прикаска на заговори и паранои, ми фали само уште Џенифер Лопез како детективка Харли од ,,Shadows of blue”. Да скрати. Да им влезе во Агенција со нога во врата, и да им рече-,,Дечки, готово е. Имате 5 минути да се спакувате”.
© Сите права се задржани. Забрането е копирање на содржини за комерцијални цели, преземање на текстови или делови од нив, без дозвола од авторот. Не е дозволено ниту преземање на содржините со хиперлинк до информацијата на веб страницата, без дозвола од авторот. Преземање на содржини на социјални мрежи, за некомерцијална употреба, е дозволено со хиперлинк.