Партијата СДСМ води во истражувањата пред ВМРО-ДПМНЕ, тврдеше премиерот Зоран Заев во вечерашната емисија на ТВ24 Вести, но нема да оди на предвремени избори.
Тој најави и покана за НАТО и ЕУ, но со зборот-,,можеби”.
,,Граѓаните треба да добијат цел мандат. Можеби ќе добиеме покана од НАТО, можеби ќе добиеме покана од ЕУ. Редовни избори се во 2020 година. Ако сме добри, граѓаните ќе ни дадат втор мандат”, рече вечерва тој.
Околу Законот за јазици, тој рече дека тоа прашање мора да се реши, бидејќи ќе остане како бреме. На последните избори, потенцираше дека СДСМ добиле 22 отсто од албанските гласови. Повторно го обвини Претседателот Ѓорге Иванов за блокирање на Собранието.
Попис на население, најави, дури во 2020 година. Ако албанскиот ентитет е под 20 отсто на тој попис, тој рече дека нема враќање назад, бидејќи албанските сограѓани имаат веќе стекнати права.
Премиерот Заев, во емисијата, продолжи да тврди дека македонската просечна плата, со неговото доаѓање, стасала до 400 евра и дека ја стабилизирал финансиски Македонија, која пред него била урнисана.