Стави лајк и освој работно место од Кочо Анѓушев

На социјалните мрежи се појави ,,Фан клуб на Господин Кочо Анѓушев”, кој, во статус дели работни места на граѓани.
Од фановите се бара да стават лајк, да напишат ,,да” и статусот да го споделат кај нив на фб профилите, доколку сакаат да влезат во ,,лотаријата” за две работни места.

Анонимни луѓе, кои се зад профилот, на јавноста и` се обраќаат во прво лице, како да станува збор за официјален профил на Анѓушев, што дополнително ги заблудува граѓаните.

Она кое вџашува е дека многумина сериозно ја сфатиле оваа ,,наградна игра”, па и ги следат слепо правилата и веруваат дека со ,,лајк” навистина вицепремиерот ќе им додели работно место.

Ова е втор статус, кој влегува во категорија на ,,лажна вест”, по оној на ,,Фан клубот на Зоран Заев” од минатата недела, каде анонимни администратори на фб пејџот, најавија чистка во администрацијата во име на премиерот Зоран Заев. Што беше повод илјадници граѓани да поверуваат во напишаното и да се израдуваат дека со наводната ,,чистка” конечно ќе ја добијат својата шанса тие да влезат  во државна администрација.

СДСМ, кој, е на удар на лажната пропаганда, има сериозен проблем, но во своите редови. Бидејќи, јавна тајна е дека ,,Фан клубот на Зоран Заев”, со години, го водат членови на СДСМ, кои профилот го користеа за борба против Никола Груевски и досега брои над 30.000 луѓе.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!