
Десетгодишно дете, вечерва, беше прегазено на улицата ,Борис Сарафов” поранешна ,,4 јули” во Ѓорче Петров. Возило удрило во него, додека ја преминувало улицата.
Детето е вон животна опасност, во моментов е хоспитализирано во Клинички центар, но жителите бараат од Општина Ѓорче Петров агилност и исполнување на ветувањата дека ,,Борис Сарафов” нема да биде повеќе ,,црна точка” и ,,улица на смртта”. Бараат поставување на семафори, обележување на улицата, и сите заштитни законски мерки, кои се однесуваат за улица на која се наоѓа основно училиште.
Жителите, кои, со години бараат вертикална и хоризонтална сигнализација на улицата, со цел заштита на децата и општо жителите од брзите автомобили, во знак на протест, вечерва ја блокираа улицата.
На оваа улица, претходно, живеел и сегашниот градоначалник Александар Наумоски. И, потенцираат, свесен е за опасноста која со години демне поради несоодветна заштита за забавување на возилата.
Со повеќе детали околу сообраќајната несреќа и изјави од локалната власт и градоначалникот Александар Наумоски, што ќе преземе за спречување на идни несреќи, во текот на утрешниот ден.