ГРЧЕВ ЈУНИОР, ВРАБОТЕН ВО ЕЛЕМ: Овој народ е глуп, одвратен и заслужува да умре

Димитар Грчев, синот на Мирослав Грчев, советникот во Министерството за култура и екс градоначалник на Центар од СДСМ, навистина од неодамна е вработен во ЕЛЕМ, потврдил самиот тој на својот фб профил.


Описот на неговото работно место е-инженер за животна средина.
Покрај него во ЕЛЕМ е вработена и Бесија Џафери, ќерка на претседателот на Собранието Талат Џафери, на местото-референт за правни работи.

Туку, што мисли синот Грчев за народот, кој, сега му дава плата во ЕЛЕМ, од свои даноци и други давачки, ни објаснил самиот тој во декември 2017 година во статус на ФБ.
-Овој народ е глуп, исплашен, злобен, малодушен, ограничен, безнадежен, без’рбетен, безидеен, прост, лош, неквалитетен, нечовечен, неписмен, дрзок, груб, грд, суров, одвратен и заслужува да умре и ќе умре бавно и болно, угушен во сопствените гомна-, напишал тој.

 

Од толку деца во државата, токму децата на Грчев и Џафери биле најдобри за наведените места !? Пресмешно.

Туку…До кога СДСМ и ДУИ ќе си ги вработуваат синовите и ќерките на наш грб ? Има ли крај на нивната аздисаност, а нема ни неполна година откако формираа Влада ? Со кое лице зборуваат за # живот, најбесрамно, а притоа вработуваат без усул деца на партиски функционери, иако им беше даден мандат, поради ветување дека нема да бидат исти како Никола Груевски ?
И ? Различни сте по нешто од претходниците ?
Со секој нов ден, СДСМ, се` повеќе смрди на твор, кој живее под земја, затоа што веќе се плаши од гласачите и од дневна светлина.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!