Златко Марин ги изневери аеродромци-уништи парк за нова зграда

И покрај негодувањата и револтот на аеродромци, утринава, почна копањето на темели за нова зграда кај ,,Тобако 2″ на улица Руди Чајавец во Аеродром.
Инвеститорот повторно ја кренал лимената ограда, која деновиве жителите ја турнаа, а механизацијата продолжува со градежните подготвителни работи на местото на поранешниот парк и детско игралиште.

Градежната дозвола е издадена на 4 април годинава.
Според градоначалникот на најзагадената општина Аеродром, Златко Марин, кој ветуваше сопирање на градежната експанзија и токму за тоа во кампања го критикуваше претходникот Ивица Коневски, парцелата е приватна, а маркичката за зграда е зацртана во урбанистичкиот план.
Тој на жителите, преку социјални мрежи, им објаснил дека игралиштето ќе биде дислоцирано, бидејќи на старото место ќе го замени станбен објект.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!