(ОБНОВЕНО) МВР потврди: Искршени две ,,ауди” возила на Шилегов

 


ОБНОВЕНО ВО 18 ЧАСОТ:

Во текот на денешниот ден, МВР, потврди дека искршени се две возила, марка ,,ауди”, сопственост на скопскиот градоначалник Петре Шилегов и неговата сопруга. Инцидентот се случил вчера на улица Хелсинки, во период од 17.00 до 22.00 часот, од страна на непознат сторител.
Станува збор за моторни возила марка “Ауди К-5“ и  “Ауди А5“.
На возилото “Ауди К-5“ оштетено е предното лево крило, предниот лев фар, предната и задната лева врата и задното крило, додека кај второто-предното лево крило, предната лева врата, задниот лев штоп и задниот гепек. Според МВР, оштетувањето, непознатиот сторител го извршил со употреба на физичка сила и остар предмет.

ДЕНЕШЕН ТЕКСТ ОБЈАВЕН ВО 11 ЧАСОТ И 40 МИНУТИ:

Министерството за внатрешни работи, денеска, во својот Билтен, не излезе со детали околу инцидентот кој вчера се случил пред куќата на скопскиот градоначалник, Петре Шилегов.
Вчеравечер, како што информиравме, имало четири полициски возила пред куќата на Шилегов во Тафталиџе-едно комбе и три увидни цивилни автомобили со полиција, раскажаа очевидци.
Околу неговата куќа живеат околу 20 семејства кои биле сведоци на настанот.

Увидот, кој на полноќ го правеле службените лица, бил на лице место, пред паркираните автомобили, кои, се во негова сопственост.
Според наши извори, возилата претходно биле оштетени со тврд предмет од непознат маж-сопруг, чии иницијали уште не ги знаеме, а и мотивот.

Петре Шилегов во моментов е во Брдо, Словенија, каде како претседател на ЗЕЛС, деновиве, учествува на 13. Генерално собрание на Мрежата на асоцијации на локални самоуправи од Југоисточна Европа (НАЛАС).

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!