,,ЛЕВИЦА” ПРАШУВА, СМАИЛОВИЌ МОЛЧИ: Дали директорот на ,,Улици и патишта” си ја качил платата на 1.700 евра ?

,,Директорот на јавното градско претпријатие, Сенко Смаиловиќ, сопствената плата си ја качил од 1.000 на над 1.700 евра”, обвини денеска партијата ,,Левица” и во прилог достави пресметка од неговиот личен доход.

Како што велат, информацијата им е по дојава од нивен „свиркач“ од ЈП Улици и патишта.
,,Обзнануваме дека тамошниот директор, поставен од новата власт на Град Скопје – господинот Сенад Смаиловиќ, си ја качил сопствената плата од 1.000 ЕУР (колку што заработувал неговиот претходник), на над 1.700 ЕУР!!! Па така, овој млад и амбициозен социјалдемократ, сега заработува повеќе дури и од Премиерот”, се вели во соопштението од ,,Левица”.

Обвинија за недомаќинско работење на новите јавни функционери поставени од СДСМ, платени со народни пари.
Истовремено, го повикаа градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, по службена должност, итно да го разреши, како што посочија- ,,овој аздисан директор”.

Директорот Смаиловиќ, не даде објаснување на денешните обвинувања, кои ,,Левица” ги обзнани уште пред четири часа. Не одговори на повикот, а не одговори ниту на смс пораките.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!