
Пензионерското здружение Гази Баба, денеска, ја промовираше својата прва монографија ,,Поглед низ времето” од авторот Васил Пачемски. На едно место се документирани фотографии и сеќавања за 45-годишното постоење на пензионерското здружение, од 1972 година до денеска.
И тоа, од разни друштвени настани до премрежјата на пензионерите во прекланските поплави.

Авторот Пачемски рече дека му претставувала голема чест, а во исто време предизвик, да ја подготви монографијата.
Промотори на книгата беа професорот Васил Дрвошанов и Магдалена Спировска од комисијата за култура во Здружението.
Според професорот Дрвошанов, монографијата ќе спаси од заборав многу личности и настани, благодарение на прецизноста на фактите.
Книгата е отпечатена од ,,Продизајн” во 100 примерока, а ќе се дели во разни институции.