СТОМАТОЛОГИЈА БЕЗ ЛИФТ: Жена со штаки се струполила по скалила

Постара жена со штаки, денеска, обидувајќи се да се искачи по скалилата во зградата на Стоматолошките клиники-Скопје, се струполила надолу.
Зградата, која има три ката, е без лифт, поточно тој е вон употреба, па пациентите се принудени да се искачуваат сами.

Лифтот во клиниките не работи веќе десетина години, буквално и одвнатре и однадвор се гледа како бетонската конструкцијата е целосно пропадната и разорена.
Ниеден управител на клиниките досега не го реши овој сериозен проблем.  Очевидци на настанот велат дека глетката била ужасна-сестри и доктори во паника трчале на помош, носеле вода и шеќер.

© Сите права се задржани. Забрането е копирање на содржини за комерцијални цели, преземање на текстови или делови од нив, без дозвола од авторот. Не е дозволено ниту преземање на содржините со хиперлинк до информацијата на веб страницата, без дозвола од авторот. Преземање на содржини на социјални мрежи, за некомерцијална употреба, е дозволено со хиперлинк.

 

 

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!