Скопскиот градоначалник, Петре Шилегов, во кампања ветуваше гасификација на Скопје, како мерка за греење против енормното загадување, а откако дојде на власт, не ја споменува, смислил друго-ќе обучувал оџачари !?! И ќе ги чистел скопските оџаци со субвенции од 150.000 евра, пари од Буџет.
Имало 8 оџачари, ќе обучувале со Агенција за вработување уште 25. Вкупно оџаци во Скопје- 60.000. Проста математика-тоа значи секој оџачар треба да исчисти 1.818 оџаци.
Секој ден да чистат три години, не може да ги исчистат.
Да не зборувам како за сите 60.000 оџаци му требаат вкупно 3 милиони евра за да ги исчисти целосно ( 50 евра најмалку од оџак).
Какви се овие глупости со оџачари !?!
Петре, и шо викаш- каде ти е гасот за помало загадување ? А, каде ти е пониската цена за греење ?
Или ќе се тртљаш со 25 оџачари до крај на мандат ?