Марин се гадеше од урбана мафија, а сега го цитира Коневски-,,Парцелата е приватна”

Златко Марин, градоначалникот на Општина Аеродром, на 12 април 2017, во емисијата ,,24 Анализа” на 24 Вести, го обвини неговиот претходник Ивица Коневски за шурување со ,,урбана мафија” (негов цитат) поради градежната експанзија во општината, поточно изградба на станбени објекти на секој чекор и задоволување на интереси и профитабилни бизниси на инвеститори.

Коневски се бранеше со зборовите ,,парцелата е приватна”, идентична изјава како што вчера даде Марин по гневните реакции од граѓаните, откако на видео снимката видоа како изгледа корнење на дрвја за изградба на нова зграда кај ,,Тобако 2″.

Aеродром е најзагадената општина зиме, која урива рекорди на мерачите за квалитет на амбиентален воздух.

Молчи и Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје, кој ветуваше зачувување на зеленилото и дрвјата во Скопје, а сега на неколку локации стари дрвја безмилосно се сечат во име на профит.
Зошто не е употребена ,,пресадувачката” од ,,Паркови и зеленило”, зошто на овој начин се корнат стари дрвја ?
Знаат ли воопшто Шилегов и Марин дека Коце Трајановски, во последната година од мандатот, набави ваква машина за дислокација на дрвја ? Информирани ли се дека сега се власт, а не опозиција или уште мислат дека филмот со граѓани кои ги обожуваат – трае ?
Имаат ли поим какви ветувања даваа во емисии и во кампањи, а каков хорор сега се гледа на терен, токму од нивното кревање на раменици ?

А, зошто тогаш беа сменети на избори Коневски и Трајановски ако и тие работеле законски како Марин и Шилегов и наводно немале ингеренции за приватни парцели !? За да го гледаме истото ?

Полека станува јасно дека СДСМ се исти како ВМРО-ДПМНЕ во поглед на урбанизмот, но вмровците барем знаеја да исчистат ѓубре и градеа паркови и фонтани, за разлика од градоначалниците на СДСМ кои се фокусирани на бизнис , а не на потребите на граѓаните.

Новиот станбен објект во Аеродром ќе го гради инвеститорот „Порта Инжинеринг Груп“, а изведувач на работите е фирмата „Специјал градба“. Градежната дозвола е потпишана од Марин на 4 април годинава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!