Добар ден, министерке Царовска: Уште должите по 2.160 денари на 300.000 пензионери

Добар ден, министерке за социјала и неисполнети ветувања, Мила Царовска. И овој месец на сметките на 300.000 пензионери во Македонија ги нема 2.160 денари, кои, ги ветивте за 2017 година.

Ваша изјава од август, 2017 година.
– Секој пензионер во согласност со Законот за пензиите и членот од Законот за усогласувањето со растот на трошоците за живот и растот на платите ќе добива по 180 денари секој месец, од јануари до декември, или за 2017 година ќе добие 2.160 денари- соопшти министерката Царовска.

Да не биде на крај дека историјата се повторува. Еве, Црвенковски, две децении должи една пензија. Затоа и изгуби избори. Бидејќи ветуваше, а не исполнуваше.

Поздрав со песната од тунелот кон ЕУ, од Уснија Реџепова- ,,Казуј крчмо џеримо, казуј пуста калдрмо, где су паре нестале, несталееее…”

[facebook]

Линк до текстот од април, 2018 година.

Министерке, каде се 2.160 денари пензиско покачување за 2017 ?

© Сите права се задржани. Забрането е копирање на содржини за комерцијални цели, преземање на текстови или делови од нив, без дозвола од авторот. Не е дозволено ниту преземање на содржините со хиперлинк до информацијата на веб страницата, без дозвола од авторот. Преземање на содржини на социјални мрежи, за некомерцијална употреба, е дозволено со хиперлинк.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!