
Улицата како паркинг за министри, ама од оние министри наредени со ордени од глава до пети, како заслуга за ослободување на Скопје.
Роберт Алаѓозовски и неговиот возач. Среда, 9 мај, час 17.40 минути. Денот на победа над фашизмот.
Накосо застанати на улица Демир Трајко, блокирана улица, за во автомобилот да влезе пресветиот прв човек на културата во Македонија.
Очевидци, кои, во своите возила морале да чекаат да заврши ритуалот на влез во темна лимузина, раскажаа дека министерот прво сакал да остави торба во багажник, па тој не бил отворен, па морал да излезе возачот да помогне, а на крај чекале да заврши муабетот меѓу синот и министерот.
Како што можете да видите на фотографијата, од страна на улицата има неколку слободни паркинг места.

[facebook]