
Масакарот на дрвја од Аеродром и Чаир, продолжи и во Карпош.
Во претпладневните часови, на улица Волгоградска во населба Карпош 4, екипи на ,,Паркови и зеленило”, најбезобзирно, според жителите – исекоа две здрави, неколкудецениски стари дрвја. А, според Општината и Градот Скопје-две болни дрвја.
Жителите на оваа населба, мобилизирани во фејсбук групата ,,Заедно за заштита на зеленилото во Карпош”, се гневни и вџашени од оваа примитивна акција за уништување на зеленило во една од најзагадените општини во Македонија.
-Овие дрвја го преживееја дури и Стевчо-, коментираат жителите во групата.
Градоначалниците на СДСМ, кои, беа најголеми критичари на Коце Трајановски кога сечеше дрвја со истото објаснување, сега имаат полно разбирање за своите постапки и не гледаат никаков проблем што работат спротивно на предизборните ветувања.
Од Општината Карпош се оградуваат, вината ја префрлаат на Градот Скопје, Петре Шилегов и јавното претпријатие, кои, имено се потпишани на документот.
-По барање на граѓани од околните згради, а по налог на Град Скопје, ЈП „Паркови и зеленило“ исече две тополи. Ова е сторено, по претходно утврдени испитувања за состојбата на двете дрва-, се вели во информацијата од локалната власт.
Додаваат дека Општина Карпош нема издадено налог за сеча на дрвата во Карпош 4, а освен тоа, што е позначајно, на постоечката локација не е предвидена изведба на било каква инфрастрктура или градежни активности.