НОВ ПРОЕКТ НА НЕЛА ВИТОШЕВИЌ: Премиера на ,,Странци” во Драмскиот театар

Фото: Ф.Кондовски

Во режија на Нела Витошевиќ, вечерва, во 20 часот во Драмскиот театар ќе биде изведена премиера на ,,Странци”. Претставата е работена според филмското сценарио на италијанскиот филм “Совршени странци”.

Улогите ги играат Игор Ангелов, Ирена Ристиќ, Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Зоран Љутков, Сања Арсовска, Филип Трајковиќ и Предраг Павловски.

Витошевиќ вели дека ја привлекла актуелната тема од секојдневието, а тоа е технологијата која ни ги окупира животите, како и впечатокот до која степен таа отуѓува од партнерот, пријателите и од светот и каква празнина внесува во нашите животи.
,,Другиот аспект од претставата е колку лагата во ова време станува поважна од вистината”, рече режисерката.

Драматург е Викторија Рангелова-Петровска, сценограф Константин Трпеноски, костимограф Роза Трајческа-Ристовска, а композитор Огнен Анастасовски.

Следните изведби на претставата се на 19, 22 и 30 мај годинава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!