,,Странци” го врати од мртви Драмски театар-следна изведба на 19 мај

,,Странци”, новата претстава на режисерката Нела Витошевиќ, по премиерата на 12 мај годинава во Драмскиот театар и бројните позитивни критики од публиката, но и стручните новинари за културна сцена, своите следни изведби ќе ги има на 19, 22 и 30 мај, со почеток во 20 часот.
Карти може да резервирате на 076-434-343 или онлајн на www.karti.com.mk.

Промо видео за претставата:

,,Странци” е драмски текст по сценарио на италијанскиот филм ,,Совршени странци”.
Станува збор за  „драмомедија“ во која седумина пријатели играат игра во која ги споделуваат сите телефонски пораки, разговори, фотографии, комуникациите преку социјалните мрежи и на тој начин ги откриваат личните тајни, отворајќи болни конфликтни ситуации. Истовремено се  потенцираат разликите помеѓу приватното и јавното себепретставување. Паралелните дејства создаваат епска сценска наративност која не се стреми да го означи крајот, туку расте во широчина. Се` во име на вистината. По соочување со вистината, следи судир со пост вистината, состојба во која фактите стануваат помалку влијателни отколку што се тоа  емоциите и личните убедувања

Играат:

МИКЕЛЕ – ИГОР АНГЕЛОВ,
ЕВА – ИРЕНА РИСТИЌ,
КАРЛОТА – БИЉАНА ДРАГИЌЕВИЌ – ПРОЈКОВСКА,
ПЕПЕ – ЗОРАН ЉУТКОВ,
БЈАНКА – САЊА АРСОВСКА,
КОЗИМО – ФИЛИП ТРАЈКОВИЌ,
РОКО – ПРЕДРАГ ПАВЛОВСКИ,

Што ќе се случи доколку скришно ѕиркате во телефонот на другиот? Соочувањето со вистината решава или пак отвара нов проблем? Колку вистината за/на другиот удира директно во неговиот приватен простор, а колку задира во просторот на останатите?  Дали соочувањето со вистината од нас прави подобри луѓе? Мобилните телефони се нашите „црни кутии“?! Колку овие „црни кутии“ не оттуѓуваат еден од друг?

Ева: Ајде да играме една игра.

Роко: Каква игра е ова Ева?

Бјанка: Може да биде интересна.

Пепе: Јас не ги разбирам тие што не одговараат на пораки.

Козимо: Можел да ги избрише пораките.

Карлота: Голема работа. Не мислам дека некој ќе се шоќира.

Микеле: Премногу добро се познаваме.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!