(ВИДЕО) Шилегов вчера играше салса, а вечерва на Балашевиќ-Скопје патувај, не го чекај

Откако вчера заигра салса со матурантите и со водителката на настанот, Маријана Станојковиќ, вечерва, ,,илинденскиот” градоначалник Петре Шилегов, заигра на песните од Ѓорѓе Балашевиќ.
Безброј скопјани биле сведоци на опуштеноста и забавата во која ужива Шилегов на концертот на екс ју ѕвездата. Тоа може да се види и на видеото (прв од лево).

Она кое останува главно прашање, по 6 месеци од добивање на мандатот, е-кога точно и дали некогаш ќе му завршат забавата и игранките на Шилегов и ќе се фати за работа ? Дали има намера да биде градоначалник на Скопје со милион жители и 90 милиони евра Буџет ?

Градот тоне во ѓубре на секој чекор, Скопје е претворено во јавна депонија, во касаба, а тоа за Шилегов значело европска метропола. Змии излегуваат од тревите, паркирањето и сообраќајот во градот се ужасни, улиците непроодни. Капитални ,,успеси” кои му се препишуваат за 6 месеци се засадено ,,гинко” дрво пред Судска палата и оглас за 25 оџачари, на кој му се пријавиле шест луѓе, па сега градската власт повторно распиша нов повик.

Парк на Жена борец, вчера

Јавниот превоз се` уште се одвива со кинеските и украински автобуси, кои, за Шилегов беа нефункционални, амортизирани и го загадувале градот.
Тешко е да се зборува дека Шилегов почнал капитален проект од програмата која му се викаше #живот за сите, а нема никаква најава дека годинава има намера да се занимава со гасификацијата на пример, која лани ја ветуваше на митинг пред Универзалната сала.

 

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!