
Неофицијално, како што наголемо се зборува, нов заменик министер за надворешни работи во владата на СДСМ ќе биде поранешниот градоначалник на Центар, Андреј Жерновски.
Во тој контекст, нека одговори-Дали тој издаде дозвола за нов објект на местото на ,,Беко”, кој во моментов се урива за нова седумкатница ? Односно, дали ставил свој потпис за уништување на оваа култна прекрасна градба во центарот на Скопје.
Барем таква е изјавата од Општина Центар, Жерновски треба само да и` потврди на јавноста.
Според маркичката во урбанистичкиот план, новиот објект ќе биде Б градба за комерцијална и деловна намена.