УРБАНА УМЕТНИЧКА АКЦИЈА ЗА 24. МАЈ: Над 40.000 луѓе во Македонија се неписмени

 

Екипа на урбани уметнички акции, по повод 24. Мај, Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, денеска, постави писмо-порака за подигање на свеста околу описменувањето, и тоа на скверот на булевар Партизански одреди, кој се наоѓа кај Порта Буњаковец.

Податоците за неписменоста на голем дел од популацијата во нашата земја се алармантни.

Пораката е следна:

,, Драги наши,

• Денес во летото господово 2018 во Македонија се` уште има неписмени и тоа над 40 000.
• Дури две третини од младата популација во Македонија е функционално неписмена. Од 70 земји во светот, Македонија се наоѓа на 68. позиција, пред Косово и Доминиканска Република, според овој податок.
• Според последниот попис од 2002 во Македонија имало над 70 000 неписмени
• Македонија има најниска стапка на запишани деца во основно и средно образование во регионот, со ова имаме значителен дел од младата популација којашто воопшто не е вклучена во образованието и има значително намалени шанси за успех во понатамошниот дел од животот.
• Училиштата наместо да бидат храмови на знаењето и напредокот се претворени во тендерџилници во кои децата имаат пристап до се` освен до уки и науки.
• Во над 130 села децата учат во катастрофални услови, училиштата протекуваат, нема пристојни санитарни јазли или затоплување.
• Во над 20 села, училиштата се распаѓаат и се опасни да се влегува во нив.
• Програмите, учебниците и начинот на учење се исти како и пред 100 години, нашиот род замина на Месечината и патува кон други планети, а во нашите читанки Орце се` уште ора ореви.

Свестете се, ние ја описменивме половина Европа, а вие не можете ниту нашата Македонија,

Поздрав,

Кире и Мете
Лето господово 2018-то ”

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!