НАЕЗДА: Змија со изглед на ,,кобра” се прошета во дворот на Соборниот храм

Фото: Ивана Кузмановска Момироска

Наездата од змии во Скопје- продолжува. Невообичаена појава за урбана средина, незабележана во изминатите децении.

Змија, денеска, прошета и во дворот на Соборниот храм во Скопје. Очевидци, иако биле шокирани и исплашени од глетката, сепак собрале сили да ја фотографираат змијата со изглед на ,,кобра”, како што самите опишале.

На социјалните мрежи се шпекулира дека станува збор за ,,белоушка”. Односно, за ,,барска змија”, која не е отровна, според податоците на интернет.

Изминативе месеци, змии се појавија и во Карпош, на кејот, како и меѓу седиштата на арената ,,Филип Втори”.

Освен од змии, градот, е нападнат и од комарци, мушички, инсекти, бидејќи градската власт се` уште не изврши ниедно авионско прскање поради пропаднат тендер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!