
Пред Собранието на Македонија, во моментов, поголема група на демонстранти протестираат против договорот на Владата со Грција, со кој се предвидува промена на уставното име Македонија за севкупна употреба, измена на Уставот, лични документи, називи на институции…
Протестот започна во 20 часот, а бројката на демонстранти се` повеќе се зголемува. Се веат знамиња и се пеат патриотски песни.


Договорот, како што најавија од Владата на Македонија, утре ќе биде декласифициран на владина седница и презентиран пред министрите.
Премиерот Зоран Заев, вечерва, договорот за промена на името на државата му го до настави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој пак најави отпор кон негова реализација со сите демократски средства.
Премиерот Заев ќе го потпише договорот со грчкиот колега, Алексис Ципрас, в сабота, на грчка територија во Преспа.