
Почнуваш во шатор, завршуваш во шатор. Под сонцето на Македонија.
Неформалниот фракционер на ВМРО-ДПМНЕ, Филип Петровски, вечерва, партиски ги обои и ги украде протестите против Преспанскиот договор, кои, и денеска се оддржуваа пред Собранието на Македонија.
Петровски, прво повика народ на својот ФБ профил, а потоа се качи на бина и држеше неколкуминутен говор. И со тоа стана неформален организатор. И медиумите, препознавајќи го во таа улога, му земаа изјава.
Во изминатите денови, повикот за протест против договорот за промена на името беше граѓански, односно од навивачката група ,,Комити”.
Пред Собранието на Македонија, вечерва, имаше двојно помалку демонстранти од вчера, кога полицијата употреби прекумерна сила. Беа мирни. Освен Петровски, збор земаа и Солза Грчева, Јанко Бачев, Љупчо Палевски, и други.

Неформалната политичка кариера на Петровски му почна пред Собранието на Македонија. Во шатор, секако. Како лидер на студентски протести во 1997 година. Се колнеше дека гладува во име на повисоката цел, дека не е партиски обоен, но веќе следната година стана претседател на младината на ВМРО-ДПМНЕ ( УМС), па пратеник, па конзул во САД, останатото е историја. Едно време формираше и партија, се возеше со велосипед во кампања, го критикуваше Никола Груевски додека беше директор на библиотека, а потоа му падна во прегратка на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и стана заменик директор на ,,Лотарија” и на крај директор на Архив на Македонија.
Дајте друго дете, ова е политички истрошено !