(ВИДЕО+ФОТО ОД ПРОТЕСТОТ) Македонија е над сите партии !

… Не е небо ова што ви нудат
не е сонце ко злато што свети
ако можат би го продале Бога
а на нив само еден ќе им суди…

Со песната ,,Цреша” од Тоше Проески заврши протестот против Преспанскиот договор кој вечерва се одржа пред Собранието на Македонија.


,,Македонија е над сите партии”, беше една од главните пораки на организаторите –  студентското движење ,,Млади за Македонија” и десетина здруженија од македонската дијаспора. Поддршка даде и навивачката група-,,Комити”.

Граѓаните побараа оставка од Владата, нарекувајќи ја нелегитимна, а поради нападот врз демонстранти со хемиски средства на 17 јуни, најавија кривична пријава против директорот на Бирото за јавна безбедност. За министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, порачаа- ќе побараат интерпелација.
Демонстрантите и организаторите дадоа безрезервна поддршка на Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, во неговата намера да не го потпише договорот со Грција за менување на уставното име на државата.

На протестот присуствуваа околу 4.000 луѓе, а тој помина во мирна атмосфера, без инциденти. Информираа дека за него побарале мониторинг од ОБСЕ.

Собранието на Македонија го обезбедуваа над 300 вооружени полицајци, пред и зад зградата.

Говорници беа студенти и обични луѓе. Преку видео пораки на протестот се јавија актерката Арна Шијак, внукот на Никола Карев, внуката на Гоце Делчев, Џејсон Мико, европратеничката Маријана Петир.

Сите порачаа дека уставното име не смее никој да го менува.

Видео од атмосферата на почеток на протестот :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!