
Насилство и тепачка во автобус со број ,,21″. Нервозен возач на ЈСП, со тупаница кутнал наземи патник, констатирала и самата внатрешна контрола на јавното градско претпријатие по пријава.
Двајцата признале вина, изјавиле од ЈСП, без да ги соопштат деталите за ваквиот груб инцидент во кој нивен вработен се нафрлил врз патник-корисник на нивни услуги. Додале дека ќе поведат дисциплинска постапка, а одредено време возачот ќе биде распореден на работна позиција-паркирач на автобуси.
Наспроти нивното соопштение, очевидец на настанот, тврди друго.