
На скопските клиники, почина Никола Саздовски (21), претепан на 29 јуни годинава, од тројца сторители во населбата Автокоманда. Тие, го здогледале од возило, излегле од него и го нападнале на автобуска постојка.
Саздовски, од тешките повреди се онесвестил на јавна површина, и веднаш бил префрлен на КАРИЛ, каде со денови беше во арефлексна кома. Тој беше припадник на навивачката група ,,Комити”. Неофицијално, Саздовски, вчера имал три мозочни удари, како последица од повредите.
Од МВР, како што информираа, поднесена е кривична пријава против Б.Б.(20), С.Д.(21) и Ј.Љ.(19), сите од Скопје. Само двајца од нив се во притвор. МВР, во своите извештаи, немаше детали за оружјето употребено за усмртување на Саздовски. Но, од наши извори, станува збор за метални шипки.
Причините за нападот, неофицијално, се поврзуваат со нетрпеливост меѓу припадници на две навивачки групи.