И Никола Мемов од СДСМ се ,,омрсил” со пари од Фондот за иновативност

Листата на добитници од СДСМ на стотици илјади евра, пари од Фондот за иновативност и технолошки развој (ФИТР)-се проширува.

Покрај Хари Локвенец, Кочо Анѓушев и снаата на Цветанка Ласкова, средства добил и Никола Мемов од СДСМ. Мемов е член на партијата од 90-те години, уште од мали нозе, имаше периоди на активно учество, но и пасивизација. Во секој случај, со актуелниот директор на ФИТР, Јован Деспотовски, се знаат од СДММ, уште од тоа време.
Според фотографиите на неговиот профил и учеството на разни штапски состаноци, во моментов не само што е близок до највисокото раководство, туку е и активен во партијата.

За новиот успех, самиот се пофалил на социјалните мрежи.
Сепак, останува нејасно преку која фирма ги добил средствата. Во биографијата му пишува дека работи како претприемач во ,,Ликонет”, но таква фирма нема на листата на ФИТР. Дури и негов пријател на профил се чуди и го прашува за што му е проектот и како го добил, а тој на тоа му одговара: ,,ќе ти кажам кога ќе се видиме”.
Но, затоа со директорот на Зоолошка градина, Ѓорѓи Галетановски, си честитаат јавно и најавуваат дека ќе се почестат со бајадера.

На поставените прашања, околу проектот, парите, конфликтот на интерес, Мемов, се` уште не одговорил. Доколку, во меѓувреме, ги одговори прашањата, јавноста ќе биде запознаена.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!