ИСТОРИСКИ УСПЕХ : Младиот тенисер Калин Ивановски освои бронза на Европското првенство во Чешка

Младиот македонски тенисер, Калин Ивановски, на Европското првенство за тенисери до 14 години, кое се одржа во Чешка, го освои третото место и со тоа го оствари досега најдобриот пласман на македонски тенисер во историјата на овој турнир.

Младиот Ивановски, со овој успех, отвори нова страница во историјата на македонскиот тенис.  Во полуфиналето загуби од четвртиот носител Мили Пољичак, со 0-2 во сетови (1-6, 1-6).

Претходно, Ивановски, ги победи Михаил Гороков кој важи за најдобар во Европа во конкуренција до 14 години (6-1, 6-3), Бранко Ѓуриќ (19 во Европа, 6-4, 6-4) и Лука Ван Аше (трет во Европа, 5-7, 6-0, 7-5).

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!