
МВР на нови маки. Откако најаматерски ја прошетаа со службен џип до Грција, ќерката на директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазе Велковски, на скопските улици експресно се појави нова ,,корисничка” на нивните услуги.
На социјалните мрежи се врти фотографија од девојка во ,,вруќи гаќички” и со голи нозе, качена на полициски службен мотор. Најлабаво на свет. Добрата вест е дека сепак носи кацига за безбедност.
Фотографијата нема име, но секако можеме да ја крстиме по една песна на Лепа Брена-,,Дуге ноге за играње, вито тело за гледање”.