
Две години по поплавите во Гази Баба, негрижата на државните институции, Општина Гази Баба и Град Скопје околу одржување на каналите, е алармантна.
Дел од каналите во Стајковци и Сингелиќ се обраснати со плевел, непроодни, несанирани, запуштени.

А, пред само неколку дена, од владеачката СДСМ тврдеа нешто сосема друго. Дека навистина работат на инфраструктурата и дека таа не е запоставена.

„Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски заглавена во криминални шеми за богатење на фамилијата не инвестираше во инфраструктурата и целосно погрешно дејствуваше за време на поплавите. Граѓаните беа оставени сами на себе. Денеска, каналите и каналните мрежи се чисти, саниран е страчинскиот канал, се санира и другата инфраструктура, општината и надлежните министерства преземаат мерки за нов ободен канал над северната заобиколница со што трајно ќе се реши проблемот со поројните води“, изјавија неодамна од СДСМ.

И покрај јавното убедување на партијата на власт дека нејзините градоначалници сериозно ги сфаќаат функциите, по поплавата во која имаше и човечки жртви, на фотографиите се гледа нешто сосема друго-каналите се претворени во мочуришта.
А, како изгледаа каналите пред две години на следните фотографии.