Јани им пикаше ПМ честички на вмровците под нос, а сега ќе сече 1,4 хектари шума

Како и што беседеше Јани Макрадули во декември 2013 година. Тогаш младичов, познат по марамите околу врат, беше во опозиција, а денеска е актуелен заменик министер за животна средина.
Е, сега, бидејќи е власт, на трибината за гасоводот на Водно, денеска изјавил-,, Гасоводот ќе поминува низ шума што нема големо значење за природата”.

Прекрасно ! А, што друго да се очекува од заменикот кој падавичареше за нашето здравје, мереше ПМ честички и им ги пикаше на вмровците под нос, но тоа пред да го востоличат за заменик.  Сега мора да брани партиски интереси и да не` убедува како овој гасовод и масакар на веќе оболената и искасапена парк-шума-било за наше добро.

Ако е за наше добро и со наши пари, граѓаните велат – сменете ја трасата. Просто е.

Во некои други времиња, на собраниска говорница драматично покажуваше слики од загадено Скопје, магли, црнила. Па ги обвинуваше вмровците за загадувањето, бараше итни мерки, гасификација, па сечење на 30 дрва за него беа катастрофа.
А, сега, оп, стана власт и 1,4 хектари шума не било ништо страшно да се исече !

Говорот на Јанкула додека глумеше загрижен граѓанин за нашето здравје.

,,Денес здравјето на граѓаните на Скопје е загрозено како резултат на увозот на половни возила со ниски еколошки стандарди, како автомобилите така и автобусите, особено во јавниот градски превоз.

За неколку години Владата на ДПМНЕ и ДУИ заедно со градоначалникот на Скопје ги уништија: паркот спроти Хотел Бристол, за административна зграда од 10 ката, паркот пред домот на АРМ, паркот Жена борец, за десетици споменици и скулптури, паркот пред Културниот информативен центар, за катна гаража, паркот зад собрание на Република Македонија, не знаеме што ќе биде, двете зелени парцели околу Плоштадот Македонија за хотел и градска куќа кои што вчера почнаа да се градат.

Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски на истекот на 100-от ден од мандатот предложи да се укине јавното претпријатие за гасификација во Скопје и истакна, бидејќи не се обезбеди партнер инвеститор, од причини што во економските услови кои се присутни на енергетскиот пазар сеуште нема посебен интерес, предлагам да се затвори претпријатието за гасификација. За да слушнеме вчера, во една од најлицемерните изјави во овие 22 години во Македонскиот плурализам, дека е потребна гасификација. А гасификацијата во Скопје може да почне веднаш и одма.

Упадот во топлификација што се случи лани и покачувањето на цените на електричната енергија доведоа до масовно користење на огревното дрво, според една анализа која ја има во светските медиуми за состојбата на загадување на Балканот, стои, дека Македонија е единствениот главен град во Светот, во Европа што се грее на дрва. Единствениот. Во 21-от век.

Вчера како мерка владата, градоначалникот на Скопје предложи да се седи дома и да бидеме затворени, во четвртокот пред почетокот на сезоната на гриповите Министерот за здравство рече да се проветруваат просториите. Што да направат денес децата во градинките и учителите? Да го отворат прозорот заради грипот или да го затворат заради загадувањето? Кој е одговорот на Владата?

Епа, почитувани граѓани, денеска пратениците на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ треба да одберат дали е најитно во оваа држава, да се земе кредит. Денес за 3 ипол минути од 150 милиони евра или да се гласа и дебатира за состојбите за загадувањето во градот Скопје каде како последица на енормното загадување страдаат најмногу децата и хроничните болни.

Ве замолувам денеска да гласаме и да дебатираме итно за состојбата со загадувањето на главниот град, состојба која што е болна за сите граѓани, не само кои што живеат туку и го посетуваат. Со седење дома и неодење на работа не се решаваат работите затоа бараме дебата за да може да се преземат итни мерки за заштита на здравјето на граѓаните на Скопје”.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!