НОВ ВЛАДИН СРАМ : На Курц му го згрешија знамето, на Халворсен-националноста

Нова брука. Нов очај.
Таман кога заборавивме на неспособниот владин протокол кој минатата недела го згреши австриското знаме при посетата на Себастијан Курц, актуелниот канцелар на Австрија-се случи нова мизерија. Овојпат не е во прашање летонското знаме, туку националноста на човекот.

Човек почнува да се прашува дали во Влада некој воопшто си ја знае работата или имаат намера до бескрај како држава да служиме за потсмев и вицеви во европскиот печат.

Владините службеници задолжени за информирање на јавноста на социјалните мрежи, денеска, му ја згрешија националноста на секретарот за надворешни работи на Кралството Норвешка, Аудун Халворсен. За нив и нашата Влада тој е – Холанѓанец. А, човекот дојде да ни подари 2 милиони евра-неповратни средства.

Поточно, секретарот Халворсен, денеска, оствари средба со заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи. Беше потпишан договор за соработка помеѓу Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка, претставено преку Амбасадата на Кралството Норвешка, и регионалната канцеларијата за проекти на Обединетите нации – УНОПС за грант-средства во висина од два милиона евра, поддршка за социо-економскиот развој на земјава, како и поддршка за процесот на европските интеграции.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Print
error: Content is protected !!