
Поддржувачи на СДСМ, донесени со автобуси во Скопје, седнати на сладолед во слаткарница во Градски ѕид, за време на говорите за европска иднина на функционери на владеачката коалиција СДСМ-ДУИ. Многумина од учесниците на настанот ,,Марш за европска Македонија”, по одредено време, ескивираа по блиски кафулиња и тоа беше забележливо на терен.
Околу 14.000 членови и симпатизери, денеска, беа донесени со организиран превоз да го слушаат лидерот, Зоран Заев. Добиле по два сендвича во возилата, потврдија луѓе кои биле дел од групите. Околу 200 автобуси беа паркирани на улиците на неколку локации во градот, при што учесниците мораа да одат пеш до појдовната точка-Црвениот крст, а потоа на жешкото сонце да маршираат до локацијата каде се одржуваше настанот за поддршка на референдумот, ЕУ-Инфо центарот.